Tag: GPS
Што се случува кога ќе дадете GPS на Таксист?
by goran on Sep.02, 2009, under HowTo, OpenStreetMap
Пред некој пост најавив дека мојот ГПС уред ќе го дадам на шетање во такси возило. За само неколку дена шетање, имам многу улици кои сам ги немав пројдено, а што е најважно скоро сите улици, ако не барем најважните се многукратно поминати а тоа значи дека и многу попрецизно може да се впишат во картата. На следниов линк можете да видите неколку слики од траките што се запишани за само неполни три дена.
- Крива Паланка – патишта
Забележете на покрупниот размер колку добро се исцртани некои од патиштата.
Мој предлог до Вас: Доколку имате ГПС и сакате да допринесете на ОСМ мапата на Македонија, побарајте некој ваш пријател таксист и дајте му го уредот за некое време. На ваков начин ќе се добијат многу квалитетни информации за најголем дел од патиштата во Македонија.
П.С. Мојот ГПС е сеуште на „работа“.
Како со малку GPS уреди и за кратко време до многу .gpx фајлови
by goran on Aug.23, 2009, under HowTo, OpenStreetMap
Гледам дека во Македонија (да не зборам за Крива Паланка или некои други места) не сме баш многу активни на темава ОСМ и се мислам како за кратко време да дојдеме до поголем број на траки кои што после ќе може да ги искористиме во исцртувањето на што е можно поголем број патишта, улици, планинарски рути итн.
Прво што може да се направи е секој што има GPS уред или мобилен телефон со GPS опција да се анимира во креирање на траки. Ова може да биде добро но најверојатно ќе одземе прилично време зашто обично секој еден човек се движи на горе-долу стандардни локации (рути). Ретки се оние кои што постојано се во движење насекаде.
Значи јас мислам дека нема да биде лошо да се најдат таксисти (посебно за урбаните средини они би биле идеални) кај кои што би се оставиле GPS уредите извесно време да снимаат траки. Јас планирам ова да го направам за Крива Паланка и околината и мислам дека за многу кратко време ќе имам траки од цела општина.
Ако имате некоја друга идеја, слободно споделете ја со останатите.


