Многу материјал – Малку работа ;-)
by goran on Jun.04, 2010, under OpenStreetMap, Информации
Во последно време не можам да најдам слободно време за да ги сработам сите нови траки.
Инаку има материјал за обележување на нови патишта (ги нема во ОСМ мапата на Македонија) од Пехчево кон границата со Бугарија.
Нов пат од Крива Паланка до село Градец (до црквата св. Никола)
Минатата недела се оддржа Трансверзалата 4М и од таму ќе има интересни материјали – се оди пеш од манастирот св. Гаврил Лесновски во близина на Пробиштип до Манастирот св. Јоаким Осоговски во близина на Крива Паланка по неверојатно убав предел.
Веднаш по оддржувањето на Трансверзалата 4М се оддржа и Ревијално Рели Калин Камен 2010 каде што се поминуваат 64км преку Осоговските планини.
Целата траса и на Трансверзалата 4М (без еден мал дел на крајот – поради празни батерии) и на Ревијално Рели Калин Камен 2010 е помината со неколку ГПС уреди и штом најдам малку слободно време ќе ги поставам траките online како и во ОСМ.
Идејата е што е можно повеќе патишта и пешачки и автомобилски да може да се постават за да нашава Македонија стане по-достапна како за нас така и за сите останати кои што се наоѓаат во Македонија и сакаат да ја запознаат одблизу.
Деновиве ќе се оддржи и рели во Штипско, два мои ГПС уреди се „појдени“ на терен така да и од таму не очекуваат нови километри по нашите планини.